Во странските медиуми се појави информација кои познати лица ќе добијат sвезда на престижниот Холивудски булевар на славните во 2022 година. На списокот, кој „Вариети“ го откри, има музички и филмски sвезди, како и sвезди кои не напуштија.
Според наводите, станува збор за пејачката Аврил Лавињ, диџејот Калед, актерот Мајкл Б. Џордан, Меколи Калкин (Кевин Мекалистер од филмот „Сам дома“). Ѕвезда на Булеварот на славните ќе добијат и покојните sвезди, раперот Нипси Хасл, како и актерката Кери Фишер (принцезата Леја од „Војна на Sвездите“).
Списокот не завршува тука. Ѕвезда треба да добијат Салма Хајек, Jејсон Момоа, Теса Томпсон (sвезда на филмот „Тор“), Реј Лиота, Хуан Мек Грегор, Регина Кинг, Вилијам Дефо, Џејмс Хонг, Хелен Хант и Адам Мекеј.