Познатиот психолог го откри најголемиот проблем во односите: Доволно е да ја преживеете третата фаза од врската

Сподели со своите пријатели

Повеќето парови не успеваат да ја надминат третата фаза од врската, што, според американскиот психолог Џед Дајмонд, е навистина проблематична. Врз основа на студиите што ги спроведе со неговиот тим, тој заклучи кои фази во емотивната врска постојат и зошто фазата по втората е најкритична.

Loading...

Заљубување

Почетната фаза на врската е секогаш прекрасна, затоа што нашите тела тогаш се под влијание на допамин, окситоцин и серотонин. Ние имаме тенденција да му ги припишуваме само најдобрите квалитети на нашиот партнер и убедени сме дека тој ќе ги исполни сите наши желби и очекувања.

Почетокот е прекрасен, а љубовта само се продлабочува …

 

 

Животот во пар

Loading...

Заљубеноста се продлабочува, па многумина се одлучуваат да стапат во брак или да живеат заедно. Приказните за семејството се интензивни, а довербата во партнерот расте, така што заедничките инвестиции се сигурни. Се чувствуваме безбедно, сакано и исполнето, затоа мислиме дека нашата љубов може да преживее сè.

Будење од илузии

Во третата фаза, која уште се нарекува момент на разочарување, има ненадејно отворање на очите, кога ќе сфатиме дека саканата личност не е толку совршена како што мислевме. Копнееме по првичната заљубеност и сè не мачи, па затоа или се караме или го игнорираме партнерот, оддалечувајќи се од него. Иако е нормално повеќе да не чувствувате „пеперутки“, тоа не значи дека љубовта ја нема, треба да прифатиме дека работите се менуваат. Повеќето врски, но и бракови, сепак, не ја преживуваат оваа фаза.

 

 

Градење трајна љубов

Кој поминува низ третата фаза, има шанса да биде посреќен отколку на почетокот на врската. Во овој период, честопати сфаќаме дека нашите очекувања од партнерот биле нереални и дека го сакаме како што е. Така расте нашата самодоверба, затоа што учиме подобро да ги прифаќаме своите недостатоци, како и да ги цениме сопствените и неговите доблести.

Loading...

Однос кој го менува светот

Кога конечно ќе ги надминеме сите несогласувања и воспоставиме силна врска со нашиот партнер, тогаш сме подготвени со таа љубов да го смениме светот. Сега сме пример за другите и им даваме надеж дека е можна вистинска, чиста љубовна приказна.

 

Leave a Reply