Познатиот македонски писател Венко Андоновски изрази поддршка за кандидатите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар, и Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово.
„Имавме инспиративна средба со Венко Андоновски, каде разговаравме за културата како двигател на развојот, заштитата на македонскиот јазик и важноста културата да биде достапна еднакво за сите“, соопшти Лабудовиќ.
Тој додаде дека Андоновски ја даде својата поддршка за нивните проекти во делот на културата, како во Центар така и во Куманово.
Лабудовиќ истакна дека македонската книжевност и култура се на врвот на приоритетите на движењето ЗНАМ и порача:
„Македонија има со што да се гордее. Да го зачуваме и афирмираме нашето културно богатство.“
Никола Ивановски