Во деветтата сезона во балканското клупско натпреварување, БИБЛ лигата, ќе учествуваат четири клубови од Македонија. Трикратниот првак на Македонија и шампионот во БИБЛ од 2011, Фени Индустри, вицешампионот Куманово, Кожув и новакот Карпош Соколи.
Денес беше одржан ждребот за поделбата на клубовите во групната фаза. Па така, во групата А ќе бидат Кожув и Куманово и ќе разигруваат против Берое, Башкими, Теодо и актуелниот шампион во првенството, Сигал Приштина.
Во групата Б, Карпош Соколи и Фени Индустри ќе разигруваат против Тирана, Пеќ, Трепча и Сутјеска.
Најдобрите четири пласирани клубови од двете групи ќе напреднат во втората групна фаза од каде потоа четирите најдобри ќе разигруваат во фајналфор.
Распоредот на натпреварите е сè уште непознат бидејќи Карпош Соколи учествуваат и во АБА лигата додека Пеќ и Сигал Приштина во ФИБА Европа Купот.
Се чека и одлуката на Левски од Бугарија дали повторно ќе биде дел од балканското клупско натпреварување.
Текстот е преземен од Екипа.мк