Не е невообичаено за холивудските sвезди да бидат во врска или брак со некој кој е десет, петнаесет, па дури и повеќе години помлад или постар од нив. Еве ги најпознатите примери!
Лиза Бонет и Џејсон Момоа
Кога се оженил со Лиза Бонет, жена во која бил заљубен како дете и која е 12 години постара од него, Џејсон Момоа рече дека „сè е можно“.
Нив ги запознал заеднички пријател, а по неколку години врска се венчаа во 2017 година и имаат две деца.
Пријанка Чопра и Ник Џонас
Актерката се омажи за пејачот во 2018 година, таа е 10 години постара од него. Ник ја запросил по само два месеци врска.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Разликата меѓу нив е 11 години, но и покрај тоа, тие важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд. Тие се венчаа во 2012 година, а неодамна го добија и третото дете.
Алек и Хиларија Болдвин
Алек има 61 година, а Хиларија Болдвин 35 години, поради тоа беа мета на разни озборувања кога ја започнаа својата врска во 2011 година. Сепак, не дозволија тоа да им биде пречка, се венчаа следната година и имаат четири деца.
Џеј Зи и Бијонсе
Тие важат за еден од највлијателните парови во светот на шоу-бизнисот, а разликата помеѓу раперот и пејачката е 12 години. Врската ја започнале во 2001 година, иако ја признаа три години подоцна. Тие се венчаа во 2008 година и имаат три деца заедно.
Метју Меконахи и Камила Алвеш
Двајцата се обидуваат да ја одржат својата врска што подалеку од очите на јавноста, но се чини дека функционираат одлично, и покрај разликата од 13 години. Тие се запознале во 2006 година, се венчале во 2012 година и имаат три деца заедно.
Харисон Форд и Калиста Флокхарт
Харисон и Калиста се во брак од 2010 година, а разликата во годините меѓу двајцата е 22. Актерката еднаш рече дека воопшто не и пречи и дека „често заборава дека е 22 години постар од нејзе“ и дека тоа „воопшто“ не влијае на нивната врска “.
Амал и Џорџ Клуни
Се чинеше дека Џорџ ќе остане вечен заводник и ерген, но неговото срце сепак го освои 17-години помладата Амал, која се омажи за него во 2014 година, а подоцна тие добија близнаци.
„Мислев дека е убава, забавна и очигледно паметна“, рече Џорџ во една прилика, а потоа додаде дека „веројатно таа мислеше дека сум стар“.
Хајди Клум и Том Каулиц
Сите беа изненадени кога се откри дека супермоделот Хајди Клум е во врска со Том Каулиц, член на поранешната група Токио Хотел. Тој е 17 години помлад од неа, но тоа не е битно за убавицата.
„Треба да го живеете својот живот и да бидете среќни, без да размислувате што мислат другите бидејќи тоа ќе ви донесе само брчки“, истакна Хајди. Двојката е во врска од 2018 година, а се венчаа минатата година.
Брус Вилис и Ема Хеминг
Ѕвездата на акционите филмови Брус Вилис е оженет со 23-години помлада жена. Двајцата се сретнале сосема случајно, во теретана, во 2007 година. Тие се венчаа две години подоцна и имаат две ќерки заедно.
Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас
Луѓето главно беа шокирани кога дознаа дека актерската двојка е во врска, најмногу затоа што Мајкл е 25 години постар од Кетрин. Но, тие се во брак 18 години, и покрај мислењето на другите.
„Мислам дека помага разбирањето, слушањето и пријателството меѓу партнерите“, еднаш Кетрин даде рецепт за успешен брак.
Мел Гибсон и Росалинд Рос
Тој важеше за еден од најшармантните актери на кого „паѓаа“ скоро сите жени, а од 2015 година е во врска со Росалинд, од која е постар 33 години – тој е 63 – а таа 30.
Поради таквата разлика во возраста, тие се соочија со сериозни критики, но Мел еднаш рече: “Што се однесува до возраста и врските, тоа е само бројка. Таа е порасната и се сакаме. ,,За сега функционира одлично , таа е навистина посебна личност “.
Ричард Гир и Александра Силва
И покрај фактот дека разликата меѓу нив е исто така 33 години, тие се „неверојатно среќни заедно“, изјави за „Пипл“ извор близок на парот. Тие се венчаа во 2018 година, имаа дете на почетокот на минатата година, а по само неколку месеци беше објавено дека Алехандра е повторно бремена.
Џејсон Статам и Роузи Хантингтон-Вајтли
Манекенката е две децении помлада од актерот, а тие се заедно од 2010 година. Тие се свршија во 2016 година, а една година подоцна добија и син.