Познати имињата на кандидатите на советници од ЗНАМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Максим Димитриевски, ауктуелен и кандидат за градоначалник на претстојните избори, ја објави целата листа со кандидати за советници.

Вели дека тоа е победничка листа која носи нова енергија и искуство.

– Горд сум да ја споделам со Вас, победничката Советничка листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово. Листа кој носи нова енергија, искуство, визија и континуитет за развој на Куманово! 8 години Куманово се менува на подобро! Одиме на убедлива победа, рече Димитриевски.
Во продолжение целата листа:

1. Ивана Ѓорѓиевска – носител на листа

Наставник по македонски јазик, библиотекар и Претседателка на Советот на Општина Куманово. Позната како жена која работи и се бори за подобри услови на сите граѓани. Верува дека Куманово има сила да остане пример за град посветен на развој, град на знаење, пркос и темперамент.

2. м-р Моника Марковска

Магистер по деловно право, вработена во АЕК како советник. Млада и енергична, во Советот ќе внесе нова визија и свежа перспектива. Сака Куманово да остане место на еднаквост и правичност за сите.

3. Дарко Митевски

Доктор по ветеринарна медицина, вработен како државен ветеринарен инспектор во Агенција за храна и ветеринарство, со 18 години искуство. Координатор на нашата советничка група во Советот. Човек кој верува во чесност, ред и одговорност. Неговата посветеност е гаранција дека Куманово ќе расте и ќе се развива во вистинска насока.

4. Мила Петрушевска

Дипломиран правник и магистранд, поранешен прв претседател на Универзитетско Студентско Собрание на АУЕ – ФОН, претседател на Клуб на млади, вработена во Општина Куманово. Млада и амбициозна, таа е гласот на младите и нивната енергија. Сигурна е дека иднината на Куманово започнува со младите кои веруваат во него.

5. Самет Салиевски

Советник и вработен во ЈП Чистота и зеленило. Човек кој секојдневно се грижи и ги застапува интересите на Ромската зедница во Куманово. Сака Куманово да продолжи да биде град, пријател на сите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,11 промили алкохол

6. Аце Трајковски

Со долгогодишно искуство како менаџер и со завршена академија за ИТ науки. Активен член на заедницата и дел од Движењето ЗНАМ. Верува дека со труд и визија Куманово може да биде модерен европски град.

7. Зоран Јовановски

Дипломиран машински инженер, пензионер и поранешен Началник на униформирана Полиција при СВР Куманово. Советник со големо искуство и одговорност. Сака Куманово да продолжи да биде безбеден и стабилен град за сите генерации.

8. Синиша Филиповски

Професор по физичко образование со долгогодишно искуство. Активен член на заедницата и посветен педагог. Верува дека спортот и младите се иднината на Куманово.

9. Јасмина Џело

Дипломиран дизајнер, вработена во HR во DRÄXLMAIER, со голема љубов кон креативноста. Активен учесник во заедницата и Движењето ЗНАМ. Сака Куманово да продолжи да биде град што ќе им дава шанса на младите девојки и жени.

10. Јелена Пауновиќ

Млада економистка, вработена во ЈП Куманово Паркинг. Како член на Клубот на млади, таа го претставува новиот глас на генерацијата Z. Сака Куманово да биде град во кој младите ќе ја градат својата иднина!

11. м-р Игор Липковски

Правник и магистер по деловно право, со богато работно искуство во Фонд на ПИОМ и ЈП Водовод. Човек со високо ниво на професионализам и поборник за правда. Верува дека Куманово мора да продолжи да биде град со еднакви можности за сите.

12. м-р Сара Каревска

Правник и магистер по казнено право, наставник во СОУ „Перо Наков“. Млада и посветена на образованието, со визија Куманово да остане град на знаење и нови можности. Верува дека вложувањето во младите е најсилната инвестиција за иднината на градот.

13. Душан Крстиќ

Дипломиран историчар и вработен во ЈУОУД „Проф. Мијалковиќ“. Млад активист и член на Клубот на млади. Верува дека Куманово треба да го цени своето минато, но и храбро да ја гради иднината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за Градоначалник на Општина Центар

14. Веселин Марковиќ

Член на здружението на пензионери и претседател на МО. Со долгогодишно животно искуство и мудрост. Верува дека Куманово е силно кога сите генерации се обединети заедно за својот град.

15. Ивана Стојковски

Професорка по македонски јазик и книжевност, наставник во ООУ „Вера Которка“. Со љубов кон јазикот и децата. Сака Куманово да продолжи да биде град на култура и образование, град кој создава нови таленти.

16. Муарем Шаќировски

Дипломиран криминалист, магистранд по криминалистика и вработен во Општина Куманово. Млад, посветен и полн со енергија. Верува дека Куманово мора да биде безбеден и стабилен дом за сите граѓани.

17. Бобан Маневски

Електротехничар енергетичар и менаџер во приватна фирма. Одговорен и работлив, со искуство во менаџмент и организација. Сака да се развива индустријата во Куманово, со нови работни места и повеќе можности за работниците.

18. Марија Станковска

Млада студентка по криминалистика, вработена во Општина Куманово. Активна, вредна и полна со идеи. Сака Куманово да продолжи да биде град што им дава простор на младите.

19. м-р Христијан Ѓорѓевиќ

Правник и магистер по правни науки, вработен во Општина Куманово. Професионален и посветен на правда и заштита на човековите права . Верува во силата на заедништвото. Сака Куманово да продолжи да биде град на солидарност и доверба.

20. Тамара Тренчевска

Педагог, вработена во ООУ „Магдалена Антова“. Активна млада жена која сака Куманово да продолжи да биде град што се грижи за сите граѓани.

21. Марјан Стошевски

Геодетски техничар, активен член на заедницата и посветен на локалните вредности. Речиси целиот негов работен век работи како новинар во локалните телевизии во Куманово. Се залага за негување на културата и традицијата во Куманово, хуманист и еден од иницијаторите за збратимување со Општина Чајетина.

22. Милена Крстевска Јовановиќ

Професорка по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик и магистранд по менаџмент во образованието. Верува дека Куманово треба да биде град на култура и женско лидерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холанѓанец се обидел да пренесе над 1.000 е-цигари преку Табановце (ФОТО)

23. Ивана Николиќ

Директорка на ЈОУДГ „Ангел Шајче“. Професорка по предучилишно образование со долгогодишно искуство. Сака Куманово да продолжи да биде град во кој грижата за најмладите е приоритет.

24. Милош Каранфиловиќ

Математичар и професор во Гимназија „Гоце Делчев“. Посветен на знаењето и образованието. Верува дека иднината на Куманово се гради преку училишните клупи.

25. Марија Спасовска

Филолог и директорка на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“. Човек со љубов кон книгата и културата. Сака Куманово да продолжи да вложува во образованието на новите генерации.

26. Мирослав Димевски

Професор и директор на ООУ „Карпош“. Посветен на децата и образованието. Верува дека Куманово е силно кога младите растат со вистински вредности.

27. Гордица Бошковска

Правник, пензионер и поранешен советник. Активна во синдикалното движење и застапник за правата на граѓаните. Сака Куманово да продолжи да биде град што ги почитува сите, и да се грижи за пензионерите.

28. Дејан Младеновски

Професор по географија и директор на ООУ „Толи Зордумис“. Човек кој ја сака картата на светот, но најмногу го сака своето Куманово. Верува дека градот заслужува континуитет во развојот и промените.

29. Лидија Костиќ

Педагошки кадар со долгогодишно искуство и Советник во Советот на Општината. Посветена на воспитувањето и поддршката за семејните вредности. Сака Куманово да продолжи да биде град со грижа, почит и солидарност кон сите.

30. Слаѓан Спасовски

Лектор по македонски јазик и професор. Човек со љубов кон зборот и културата. Верува дека Куманово мора да продолжи да биде град во кој се негуваат националните вредности и културните богатства.

31. Мирјана Прокиќ Младеновиќ

Медицински работник – Доктор по општа медицина и Советник во Советот на Општината. Со голема посветеност кон здравјето на граѓаните. Сака Куманово да продолжи да биде град кој им помага на сите, особено на оние на кои им е најмногу потребно!