Позната излезноста во Куманово заклучно 11 часот

Сподели со своите пријатели

Заклучно 11:00 часот во општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 6,42% од гласачите, односно 6.026 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците се базираат на обработени 99,83 отсто од избирачките местa.

Споредено со излезноста во исто време со првиот круг, се бележи мсло намалување бидејќи тогаш до 11:00 часот своето право на глас го оствариле 7,57% од гласачите.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за пет лица од Куманово поради тепачка

Никола Ивановски