Позната излезноста во Куманово до 13 часот

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 13 часот на вториот круг претседателски избори во Куманово е 24,82%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Овој процент се базира на вкупно 98,55 отсто од обработени избирачки места.

Тоа е за нијанса поголема излезност од првиот круг, кога во исто време гласачкото право го оствариле 23,08 отсто.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Куманово имаат 93.508 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право до 13 часот го оствариле вкупно 23,49 отсто од лицата со право на глас.

Право на глас за парламентарните избори во Куманово имаат 93.635 избирачи.

Никола Ивановски