Познат кинески милијардер исчезнат без трага

Сподели со своите пријатели

Еден од најистакнатите кинески инвестициски банкари исчезна, потврди неговата компанија.

Loading...

Бао Фан, извршен директор на China Renaissance Holdings и милијардер, „не беше достапен во последните денови“, соопшти компанијата вчера.

Бао е водечки посредник во зделките во Кина чии клиенти се врвните технолошки компании Диди и Меитуан, а објавата на неговата компанија ја обнови загриженоста кај (глобалната) јавност за можна пресметка на Пекинг со деловните и технолошките лидери, објави Би-Би-Си.

Акциите на China Renaissance паднаа откако компанијата потврди дека исчезнал Бао Фан.

Во соопштението се додава дека „нема информации што укажуваат на тоа дека недостапноста на Бао е или би можела да биде поврзана со работењето на компанијата“.

Компанијата не прецизираше колку долго го нема директорот, а кинескиот деловен весник Caixin цитираше извори кои велат дека персоналот не можел да контактира со него веќе два дена.

Бао, кој е и претседател и извршен директор, ја основа China Renaissance во 2005 година како инвестициска советодавна фирма.

Оттогаш, таа прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина – склучувајќи зделки и спојувања со неколку технолошки компании во земјата.

Loading...