Кошаркарскиот клуб Куманово и годинава акцент ќе стави на младите играчи, како во сениорската, така и во останатите лиги во кои ќе се натрпеварува во сезоната која претстои.
Кормилото ќе го предводи повторно искусниот Александар Петровиќ, кој и минатата година успеа да го доведе тимот меѓу најдобрите екипи во лигата.
Марјан Јанески е старо-новиот играч на Куманово. По една година мината во дресот на Работнички, искусниот репрезентативец повторно ќе го облече кумановскиот дрес во кој имаше настапувано неколку сезони, а ја носеше и капитенската улога.
Од екипата на Фени Индустри во составот на КК Куманово доаѓа Горјан Марковски, кој игра на бековската позиција. Роден е во 1992 година, а претходно има настапувано и за екипите на Работнички и МЗТ.
Договорот го обнови српскиот интернационалец Бранислав Ѓекиќ кој изминатата година постигнуваше најдобри резултати во ростерот на Куманово и беше еден од носителите на играта.
Од клубот заминаа Адем Мекиќ, Игор Пенов и Мирко Ковач.
Помладиот состав на клубот ќе остане непроменет. Меѓу младите играчи повторно ќе се најдат Лука Петровски, Дамјан Миса, Миодраг Тодоровиќ, Ѓорги Георгиевски и Мартин Ѓорѓевски.