Позирала со нацистички поздра во Аушвиц, полицијата ја привела

Сподели со своите пријатели

Полската полиција уапсила посетителла на концентрациониот логор Аушвиц која се фотографирала поздравувајќи со нацистички поздрав, објави новинската агенција ПАП.

Loading...

Во извештајот се вели дека 29-годишната девојка застанала на влезот во кампот во неделата под познатиот знак „Arbeit macht frei“ и ја подигнала раката во навредлив гест, имитирајќи нацистички поздрав.

Ја фотографирал нејзиниот 30-годишен сопруг. Кога чуварите на спомен обележјето виделе што прават двајцата повикале полиција.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека жената се обидувала да објасни дека тоа е само шега, објави новинската агенција ПАП. Жената ќе мора да плати казна, која ја прифатила.

За време на Втората светска војна во логорот Аушвиц, лоциран во полскиот град Освиецим, германските окупаторски сили убиле повеќе од еден милион луѓе, главно Евреи.

Нацистичка Германија убила околу шест милиони Евреи низ Европа.