Пожарникарите во Куманово вчера со 12 интервенции, видено едно лице како потпалува

Сподели со своите пријатели

Вкупно 12 интервенции имале кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово и Липково.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Романовце гореле сува трева и стрниште. Двајца пожарникари интервенирале во период од 10:20 до 11:50 часот.

Во липковско Слупчане гореле сува трева и борова шума. Тројца пожарникари интервенирале од 10:35 до 11:40 часот. Од Шумско стопанство Куманово информираат дека пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале четворица нивни вработени, кои останале на терен се до 15:30 часот.

Во село Лојане гореле сува трева, борова шума и стрниште. Во период од 11:40 до 15:00 часот се интервенирало со две противпожарни возила од страна на петмина пожарникари. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето освен пожарникарите учествувале и вработени во Шумско стопанство Куманово, мештани од селото, а од воздух било интервенирано со полициски хеликоптер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре крводарителска акција на Црвен крст Куманово

Во Диво Насеље во период од 14:25 до 15:00 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева.

Сува трева горела и на локацијата Живкова карпа во селото Проевце. Околу 17:30 часот на терен излегле седум пожарникари со три противпожарни возила. Во акцијата за гаснење се вклучиле и пет лица од Тимот за катастрофи при Црвен крст Куманвоо. Пожарот бил изгаснат околу 21 часот.

 

Loading...

 

Сува трева горела и во селото Ваксинце во Липково. Интервенирале тројца пожарникари во период од 16:00 до 21:45 часот.

На Аџитепе исто така горела сува трева. Тројца пожарникари гаснеле во период од 21:40 до 22:10 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,70 промили. Полицијата го привела.

И во селото Романовце горела сува трева. Во период од 22:30 до 23:40 часот интервенирале тројца пожарникари. При гаснење на пожарот екипата на ТППЕ Куманово забележало лице кое намерно го потпалува пожарот при што го известиле СВР Куманово.

Во близина на Филтер станицата во Куманово горела сува трева. Тројца пожарникари гаснеле во период од 22:55 до 23:55 часот.

Сува трева повторно се разгорела ноќва на локалитетот Живковка карпа во село Проевце, при што четвориц апожарникари интервенирале од 00:40 до 01:50 часот.

Според информациите од утринава, нема активен пожар.

Никола Ивановски

Loading...