Пожарникарите вчера три пати интервенирале во Градиште и два пати кај „Туш“

Сподели со своите пријатели

Три пати вчера пожарникарите гаснеле запалена сува трева во атарот на селото Градиште во Куманово, а два пати смет кај поранешен „Туш“.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција во селото Градиште била околу 09:35 часот кога се запалиле сува трева и ниска шума.

Но, сува трева горела и вчеравечер во период од 22:20 до 22:50 часот, како и рано утринава по полноќ од 01:30 до 04:35 часот.

 

 

Во два наврати било палено ѓубре кај локалитетот „Туш“ во населбата Перо Чичо, првата околу пладне, а втората интервенција била два часа подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово дел од проект за подобрување на ефикасноста на комуналните претпријатија

Пожарниакрите имале и техничка интервенција рано утринава околу 1 часот по полноќ, за отварање на стан.

Loading...

Никола Ивановски