Пожарникарите вчера спречија катастрофа во центарот на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари вчера спречија вистинска катастрофа, откако со брзата реакција на пожарот во напуштена куќа лоцирана во една од уличките близу „Иво Лола Рибар“, спречија огнот да ги зафати околните куќи.

Loading...

Три противпожарни возила и шестмина пожарникари биле вчера на терен и успеале да спречат огнот да се прошири на околните куќи лепенки.

 

 

Брзата реакција на припадниците на ТППЕ Куманово ја посочија и граѓаните на социјалните мрежи.

– Ова беше страшно, ама брзата интервенција на пожарната спречи голема катастрофа. Нашата куќа е лепена до изгорената, напиша една граѓанка.

– Секоја чест за брзата интервенција и голема благодарност до пожарникарите, стои во коментарите.

Loading...

Имаше и такви кои упатија критика до граѓаните:

„Тоа се истите пожарникари кои оној пат ги плукавте дека ништо не работеле и немале вода.“

 

 

Инаку, пожарот бил гаснат од 17:00 до 20:30 часот, а причината за избувнувањето, како и вистината на материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.

Никола Ивановски

Leave a Reply