Пожарникарите од Општа Старо Нагоричане утринава успешно спасиле две лица заглавени во бањата Стрновац, од надојдените води на реката Пчиња.

– Во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во селото Стрновац во Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња. ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари, информираат пожарникарите.
Оттаму апелираат граѓаните да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина Старо Нагоричане.

– Доколку се здогледа лице во опасност од временските услови јавете се на телефонските броеви 031-495-666 или 112, велат од ТППЕ.
Инаку Пчиња за само едно деноноќие нарасна за еден метар и се излеа во селата Пелинце и Стрновац.

Никола Ивановски

