Пожарникарите со две интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Две интервенции бележат во доменот на своето работење припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, во последните 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во првиот случај интервенирале во период од 11:10 до 11:50 часот на запален оџак од семеен дом лоциран на улицата „Драги Шутевски“ во населбата Тоде Мендол, каде четворица пожарникари со едно возило за неколку минути го ликализирале огнот.

Втората интервенција е на булеварот „Октомвриска револуција“. Тројца пожарникари во период од 14:37 до 15:15 часот гаснеле запалени контејнери за смет. Како што стои во билтенот на РЦУК, причината е човечки фактор.