Пожарникарите ќе имаат пункт кај Спомен Костурница, полицијата да ангажира позорникари

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој беа утврдени мерки за справување со потенцијални пожари на територијата на општината.

На состанокот учествуваа претставници од повеќе институции, а дискусијата беше фокусирана на критичните точки во градот каде што постои зголемен ризик од опожарување и создавање диви депонии.

Како најзначајна мерка, беше донесена одлука Територијалната противпожарна единица Куманово да формира привремен противпожарен пункт кај Спомен Костурница.

Таму ќе биде организирано постојано дежурство на пожарникари кои ќе ја следат состојбата на теренот и ќе интервенираат брзо во случај на пожар. Локациите кои се посочени како најризични се Бавчи, Стари Лозја, Багрем Бања Средорек и влезот во населбата Перо Чичо, каде што во изминатиот период се забележани повеќе случаи на опожарување и неодговорно исфрлање отпад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Далибор Стаменковски од Куманово на самит со европската елита на кондициони тренери (ФОТО)

 

 

Истовремено, од Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово се побара воведување на позорникарски служби на истите локации.

Loading...

Целта е зголемено полициско присуство за подобра контрола и навремена превенција, особено во критичниот летен период кога температурите придонесуваат за поголем ризик од пожари.

Позорникарите ќе вршат и надзор за спречување на создавање нови диви депонии и исфрлање отпад во речното корито.

Состанокот резултираше и со иницијатива за формирање работна група составена од претставници на ЈП „Чистота и Зеленило“, комуналната инспекција, општински советници и членови на ромската заедница. Работната група ќе има задача да утврди привремени локации за поставување корпи и контејнери на места каде што најчесто се исфрла отпад и се формираат диви депонии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајден 19-годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

 

 

Дополнително, општинските власти ќе организираат состанок со сопственици на земјоделска механизација, со цел да се разгледа можноста за спречување на неконтролирано фрлање шут и градежен отпад на различни локации низ градот.

На состанокот ќе присуствуваат и претставници на СВР Куманово и комуналната инспекција, за координација на активности и поефикасна превенција.

Loading...

Штабот апелира до граѓаните да се воздржат од палење стрништа, суви треви и фрлање отпушоци, со оглед на зголемениот ризик од пожари во наредниот период. Сите забележани пожари и незаконски дејства можат да се пријават на дежурните броеви 193, 112 и 075/221-372.

Како дополнителна мерка, ќе бидат испратени дописи до Македонски железници за проверка на трасата кај селата Агино Село, Романовце и Лопате, каде што според пријави од граѓани се јавува искрење на жици покрај пругата. Исто така, ќе се побара и проверка од ЕВН Македонија и АД МЕПСО на високонапонската мрежа и далеководите, поради сомнежи за нивна улога во појавата на пожари во одредени делови на општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој со тврд предмет искршил прозорци на сограѓанин