Две интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, од кои една на запалено возило, а другата на пожар во стан, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција се случила околу 01:15 часот по полноќ на улицата „Благој Илиев Гуцман“, каде моторно возило од засега непознати причини се запалило. Четворица пожарникари веднаш изглегле на терен и огнот го локализирале за петнаесетина минути.
Нешто подоцна, поточно околу 01:35 часот двајца пожарникари исто така петнаесетина минути интервенирале на отворање влезна врата на стан лоциран во зграда на улицата „Жикица Јовановиќ Шанац“.

