Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден бележи една помала интервенција во доменот на своето работење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за интервенција во објектот на Циглана и тоа во период од 11:50 до 13:15 часот. Причина за пожарот била запалена печка, а во гаснењето учествувало едно противпожарно возило и пет пожарникари.
Во моментов нема активни пожари на подрачјето на Општина Куманово.
Loading...