Во текот на вчерашниот ден припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат две интервенции, од кои една на запален автомобил, а другата на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Вчера во период од 04:03 до 04:12 часот четворица пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запален автомобил лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“.
Втората интервенција која траела од 17:00 до 19:40 часот била во селото Добрача на запалена сува трева, каде пожарникарите гаснеле со едно возило и четворица пожарникари.
Причините за пожарите, како и висината на настанатата матеирјална штета допрва ќе се утврдуваат.
фото: архива