Пожарникари се борат со голем пожар кај Атина, совет граѓаните да не отвораат прозорци

Сподели со своите пријатели

Грчките власти денеска ги советуваа жителите на Атина да ги затворат прозорците и да не ги напуштаат своите домови, поради чадот што доаѓа од неконтролираниот шумски пожар северно од градот.

Loading...

Повеќе од 500 пожарникари и припадници на армијата и полицијата, со помош на девет хеликоптери и пет авиони, се борат со пламените јазици на падините на планината Парнита.

Пожарот избувна во вторникот во предградието Варимпоми, дваесетина километри северно од центарот на Атина, и се прошири, палејќи куќи и автомобили.

– Фала му на Бога што немаме загубени животи, рече премиерот Киријакос Мицотакис.

Пожарот ги оштети далекуводите, поради што делови од Атина се без електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Leave a Reply