Пожарникари од неколку општини и 50-ина мештани гаснеа голем пожар во Отошница

Сподели со своите пријатели

Во времетраење од 12:55 часот до 18:00 часот припадниците на Територијалната противпожарна единица Раноквце интервенирала на запалена сува трева, стрниште и нискостеблеста шума на површина од 300 хектари во атарот на селото Отошница, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Освен нив во гаснењето биле вклучени и четворица пожарникари од Старо Нагоричане, исто толку од Кратово, седум од Куманово, шест од Крива Паланка, 8 лица вработени во Шумското стопанство и околу 50-ина мештани.

Гаснењето на пожарот било отежнато поради силниот ветер кој постојано го разгорувал и ширел огнот, но по неколкучасовната стихија ситуацијата била ставена под контрола.