Пожарите во Шпанија однесоа трета жртва – илјадници евакуирани

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од шумските пожари во Шпанија се искачи на три откако почина волонтер кој претрпе тешки изгореници додека помагаше во гаснењето пожари во покраината Замора, изјави претседателот на регионот Кастиља и Леон, Алфонсо Фернандез Мануеко.

Loading...

Тој волонтер е втората жртва во тој регион, а третата во земјата од почетокот на најновиот бран пожари, пишува Ел Паис.

Најкритична ситуација е моментално во Екстремадура, каде што пожарот во општината Хариља се шири неконтролирано веќе три дена, зафаќајќи околу 4.600 хектари, што доведе до евакуација на неколку населби, вклучувајќи ги Хариља, Кабезабелос, Виљар де Пласенсија, додека Олива де Пласенсија беше целосно блокирана во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американските царини од 39% се голем проблем за швајцарските ножеви, часовниците, сирење и чоколадо

Две куќи изгореа, а Цивилната гарда спроведе присилни евакуации за да ги заштити жителите од непосредна опасност.

Поради силни ветрови и суви бури, дел од автопатот А-66 беше затворен, што ја отежна евакуацијата уште повеќе.

Вкупно 321 пожарникари и 12 авиони, вклучувајќи единици од Андалузија, Кастиља-Ла Манча и Мадрид, беа распоредени за да се обидат да го изгаснат пожарот, кој се протега на 48 километри.

Во меѓувреме, во регионот Оренсе, пожарите предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај помеѓу Мадрид и Галиција, кој повторно започна утрово, но беше прекинат по помалку од два часа.

Железничката компанија „Ренфе“ објави дека возовите ќе бидат задржани на станиците додека не се воспостават безбедни услови за сообраќај.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хемиски инцидент во болница во Лондон, евакуирани 150 лица

Во Тереза де Кофрентес, Валенсија, пожар предизвикан од удар од гром доведе до евакуација на неколку делови од градот и областа Ајора.

Помеѓу 170 и 180 членови на Воената единица за итни интервенции и пожарникари се фокусирани на две нови жаришта откриени од беспилотни летала.

На терен се распоредени до осум авиони, вклучувајќи помош од Арагон, додека се очекува температурите да се зголемат во текот на денот.

Вкупно 14 патишта беа затворени во регионите Касерес, Замора, Леон, Паленсија и Уелва, а од Брисел беше најавена помош во форма на два авиони-цистерни на ЕУ, потврди министерот за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте бројот на заразени со чукунгуња во Европа: Регистрирани први случаи на новиот вирус