Во Грција продолжуваат напорите да се стават под контрола пожарите во предградијата на главниот град Атина, а судејќи според временските прогнози, на неволјите им нема крај.
Неколку шумски пожари досега принудија евакуација на села, летни кампови и домови за стари лица.
Се очекува оваа недела во делови од Грција температурите да достигнат и до 44 целзиусови степени, што претставува закана за нови шумски пожари.
Инаку, од понеделникот избувнаа неколку шумски пожари низ целата земја во Грција – вклучително и оној што доведе до евакуација на 1.200 деца од летен камп.
Најсилното огнено жариште моментално е во регионот Дервенохорија северно од Атина, каде што на сателитските снимки може да се види чад.
Други пожари продолжуваат да беснеат во градовите Лутраки – крајбрежен град во близина на градот Коринт – и во Куварас, јужно од главниот град.
In #Greece, firefighting efforts continue in the Athens suburbs, as several forest fires have forced villages, summer camps, and nursing homes to evacuate. Parts of Greece are expected to see temperatures as high as 44 ℃ this week, threatening new wildfires. #Planetmatters pic.twitter.com/2jTkATNSfF
— CGTN Global Watch (@GlobalWatchCGTN) July 19, 2023