Пожари во Грција беснеат на три острови. Туристите евакуирани

Сподели со своите пријатели

Се уште горат трите пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.

Loading...

Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го проширија кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини.

Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.

Пожарникарите и камионите беа испратени и од Атина и Родос за да им помогнат на локалните сили да го стават пожарот под контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија: Радев денеска му додели мандат на кандидатот за премиер Жељазков

На Хиос, пак, избувна пожар во областа Сидирунди, која се наоѓа на северозапад од островот и е позната по прекрасната средновековна населба, која за среќа се спасила без штета.

Дополнителни противпожарни сили беа испратени од Лезбос и Атина за да им помогнат на напорите на локалните служби, така што до утринава пожарот беше ограничен на пошумениот дел на островот и пренасочен од станбените области.

Во меѓувреме полесно се повредени пет пожарникари.

Надлежните уапсиле и 63-годишен маж кој ненамерно го предизвикал пожарот и е казнет со речиси 9.000 евра, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за подметнување пожар.

Loading...

Третиот шумски пожар беше на Крит, особено во Вианос, на јужниот брег на Ираклион и се уште беснее.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција

Локалните власти на островот превентивно го евакуираа селото Катофиги, додека помош за гаснење на пожарот беше испратена од другите делови на островот.