Пожари на повеќе локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

На неколку локации низ кумановско попладнево има активни пожари.

Loading...

Според првични информации и она што кратко го потврдија од Територијалната противпожарна единица Куманово, активни пожари има во селата Четирце на потегот кон Горно Којнаре, во селото Романовце, населба Пуковско, а пожар имало и на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.

Пожарникарите се на терен со сите расположливи средства.

Повеќе информации наскоро.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ветер и до 60 километри на час, температурата во опаѓање