Пожари избувнаа во близина на Чернобил, се стравува од зголемена радијација

Сподели со своите пријатели

Седум шумски пожари избувнаа во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопшти Украина.

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е да се подметнати.

 

Космополскаја правда: Објавениот број на починати војници е неточен, бевме хакирани

 

Пожари избувнаа во областа под контрола на руските сили, што според Украинците го оневозможува гаснењето.

„Постои растечка загриженост дека радиоактивен чад може да се шири“, соопшти Украинската државна служба за специјални комуникации.

Да потсетиме, Чернобил падна во руски раце во првите денови од руската инвазија.

 

Украина: Убивме 15.300 руски војници, соборивме речиси 100 авиони

 

Оттогаш на виделина излегоа неколку извештаи за тешките услови за работа на персоналот на нуклеарната централа.