Грчките пожарникари сѐ уште се борат со големи пожари во областа Вилија во западна Атика.
Стотици грчки пожарникари учествуваат во напорите за локализирање на пожарот, со помош на полските колеги и поддршка од 24 авиони, а повторното разгорување се случи во вторникот, откако пожарот ја зафати областа Агиос Георгиос на Понеделник навечер, пренесува Катимерини.
– До три часот наутро кога легнавме, ветерот дуваше кон Вилија, но ние одеднаш се разбудивме и огнот беше во нашите куќи – изјави Танасис Т. кој ја спасил куќата со помош на неговиот син, но не успеал да го спаси соседскиот имот што бил уништен.
Од оваа област беа евакуирани вкупно четири населени места и дом за стари лица, чии корисници беа пренесени во болницата Агиа Варвара во западна Атика.
Градоначалникот на Мандре, Христос Статис, изјави за „Катимерини“ дека постојат силни индикации дека пожарот бил подметнат од пиромани.
– Пронајдени се канистри со бензин, источниот ветер го насочи пожарот кон Порто Гермено, а голем пожар избувна во претходните часови од другата страна на Атика, во Кератеа – нагласи градоначалникот.
Во текот на изминатите неколку недели, проследено со високи температури на воздухот низ цела Грција, регистрирани се повеќе од 500 пожари, најголеми на островот Евија.