Голем пожар избувна во станбена зграда во западниот германски град Есен, а три лица се пренесени во болница поради труење со чад, соопштија тамошните власти.
Loading...
Противпожарната служба соопшти дека од зградата се евакуирани околу 100 лица, додека околу 150 полицајци се на терен и во моментов се борат со пожарот.
Според локалните медиуми, причината за пожарот сѐ уште не е откриена, но тој брзо се проширил откако избувнал во раните утрински часови, поттикнат од невремето што во последните денови ја погоди северна Европа.