Пожар зафати хотел во Унгарија, има мртви!

Сподели со своите пријатели

Се стравува дека неколку лица загинале во морничавиот пожар што избувна пред зори во хотел во градот Будимпешта, Унгарија.

Градоначалничката на градот, Отилија Гери, објави дека пожарот избувнал во текот на ноќта на покривот на Спортскиот хотел на улицата Зихи Петар, а според сегашните информации, има мртви и тешко повредени лица.

Се верува дека пожарот започнал околу 2:15 часот наутро поради експлозија на плинска боца.

Неколку лица се спасени од двокатниот комплекс.

 

 

Повеќе од 20 лица се полесно повредени, но има и лица во сериозна и животозагрозувачка состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД испраќаат уште еден носач на авиони кон Иран!

Сè уште се бараат неколку лица, според локалните власти.

Иако се чинеше дека пожарникарите ќе можат брзо да го стават пожарот под контрола, околу 7 часот утрово зградата повторно се запали, и покрај напорната работа на многу пожарникари на местото на настанот.

Подоцна, службите за итни случаи информираа дека пламените јазици се изгаснати.