Пожар во зоолошка градина во Русија: Страдаа 28 крокодили и една желка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во пожарот што избувна денес во зоолошката градина во рускиот град Јејск, загинаа 28 крокодили и една желка, а нема човечки жртви, соопшти Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Краснодарската територија.

Пожарот избувнал во зградата каде што има зоолошка градина со крокодили, како и делфинариум и океанариум, но неговото ширење кон овие објекти било спречено, пренесува РИА Новости.

„Пожарникарите брзо го локализираа пожарот, спречувајќи го да се прошири кон делфинариумот и океанариумот. За жал, загинаа 28 крокодили и една желка. Причината за пожарот се утврдува“, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Војната во Украина ги откри слабостите на полската армија