Пожар во сиромашна населба во Сеул, стотици луѓе евакуирани

Сподели со своите пријатели

Стотици жители се евакуирани откако рано утринава избувнал пожар во јужнокорејската престолнина Сеул, каде што изгореа околу 60 компактни куќи изградени главно од картон и дрво во сиромашниот кварт Гурјеонг.

Loading...

Нема извештаи за загинати или повредени, а пожарот повеќе од пет часа го гаснеле 900 пожарникари и неколку хеликоптери, јавува Би-Би-Си.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јул, кој моментално е на самитот на Светскиот економски форум во Давос, повика да се ангажираат сите расположливи пожарникари за гаснење на пожарот.

„Кога ја отворив вратата видов огнен столб кој се издига од едната страна. Изгледаше навистина сериозно и знаев дека не треба да трчам, удирав по вратата и викав – оган. Луѓето излегоа врескајќи. Беше хаотично“, вели 72-годишен жител на таа населба.

Сè уште не е позната точната причина за пожарот, но областа исто така била подложна на пожари и поплави, а многу куќи биле изградени од картон и дрво. Населбата Гујонг претрпе најмалку 16 пожари од 2009 година.