Пожар во семејна куќа во кумановската населба Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Подрумски простории од семејна куќа во населбата Перо Чичо вчера изгореа во пожар.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи изгорени се само подрумските простории и нема поголема материјална штета. Четворица пожарникари интервенирале од 13:50 до 14:50 часот.

Причините за избувнување засега се непознати.

Пожарникарите интервенција вчера бележат и на активирање на жариштата во село Облавце, каде во сабота изгоре камион по страотна сообраќајна несреќа во која животот го загуби 27-годишен кумановец.

Leave a Reply