Пожар во околината на Брисел, отежнат сообраќај низ целата земја

Сподели со своите пријатели

Пожарот што избувна денес во компанија за преработка на отпад во Андерлехт, место во околината на Брисел, предизвика отежнат сообраќај во главниот град на Белгија и остатокот од земјата, а железничкиот сообраќај беше исто така забавен, изјави Валтер Дериу, портпарол на противпожарната бригада на Брисел.

Loading...

Пожарот избувнал во куп отпад со површина од околу 50 квадратни метри.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот со противпожарно возило и цистерна, а пожарот во моментов е под контрола, според „Бруселс тајмс“.

Поради близината на пожарот до железничката линија, сообраќајот на главната брза линија помеѓу Брисел и Гент беше привремено прекинат, поради што возовите беа пренасочени на побавна рута.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пукање во воена база во САД: Пет војници ранети, напаѓачот уапсен

На жителите во областа им беше советувано да ги држат прозорците и вратите затворени за да избегнат непријатни мириси на чад.