Доцна синоќа избувна пожар во најстариот луксузен хотел во Швајцарија, кој се наоѓа во центарот на Женева.
Loading...
Гостите се евакуирани, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот го зафати хотелот Де Берг, имот со пет ѕвезди отворен во 1834 година и кој се смета за знаменитост во Женева.
Нема извештаи за повредени, изјави директорот на хотелот Педро Нора, додавајќи дека гостите биле преместени во блиските хотели.
Пожарникарите користеле кранови за да стигнат до пожарот на покривот.
Се уште не се познати причините за пожарот, кој брзо е ставен под контрола.
Хотелот честопати е домаќин на големи настани, како што се аукции на накит организирани од Кристи.