Пожар во авион на „Рајанер“! Патниците бегаат од авионот на аеродромот во Шпанија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица се повредени во пожар што избувна во авион на „Рајанер“ на аеродромот во Палма де Мајорка, Шпанија.

Loading...

Преплашените патници избегаа од авионот, некои избегаа преку крилата, објавува „Билд“.

Тие скокнаа на пистата кратко по полноќ додека пожарникарите и полицијата брзо стигнаа на местото на настанот.

Од 18-те повредени, шестмина мораа да бидат префрлени во болница.

Тројца беа примени во приватната клиника „Ротгер“ во Палма де Мајорка, додека тројца други беа префрлени во болницата „Киронсалуд Палмпланас“, која се наоѓа во истиот град.

Авионот требаше да полета. Сè уште не е јасно каде одел или што го предизвикало пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По повеќе од 100 години, Французите ќе можа да се капат во Сена

 

Loading...