Цел ден вчера пожарникари од Територијалните противпожарни единици Куманово и Старо Нагоричане биле во атарот на селото Зубовце, каде спречиле проширување на пожар кој зафатил сува трева и стрништа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, интервенирано е со три противпожарни возила и седум пожарникари од Куманово во период од 17:00 до 22:15 часот.
Тројца пожарникари со едно возило на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале во период од 14:00 до 20:00 часот.
Како што појаснуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, на исто место интервенирале двете единици за да не дозволат пожарот да се прошири.
Истиот е изгаснат.
Никола Ивановски

