Пожар уништи имот на седумчлено семејство во Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Пожар рано утринава ја зафатил куќата на седумчелното семејство Хелдовиќ од ромската населба Средорек. Во пожарот нема повредени, но е причинета голема материјална штета.

Целосно е оштетена една од двете соби во кои живее ова семејство. Триесет и двегодишниот Суад раскажува дека е уништена покуќнината која сиот живот ја создавал.

Станав сабајле во 6 часот кога видов внатре гори, голем пламан. Дојдоа соседите да помогнат вода од чешма, река да не дозволат да се шири наваму. Ќе се запалат сите куќи, детето ми беше внатре среќа тој што се разбудил нема изгореници и последици. Како што гледате се е изгорено нема ништо. Се е изгорено како што гледате, толку години се мачам да купам сега за половина час нема ништо. Нема шанси јас гледав децата да ги спасам првин после друго – изјави Суад Хелдовиќ.

Loading...

Брзата интервенција на соседите, но и противпожарната единица не  дозволила огнената стихија да ги зафати и останатите домови кои се наоѓаат во непосредна близина на куќата на Хелдовиќ.

Се е потребно нема повеќе кај цела покуќнина, нема кај да готвивме, ништо нема, не сум вработен од социјална помош живееме. Не знам од што можело да настане пожарот – додаде Хелдовиќ.

 

Семејството Хелдовиќ  се надева дека ќе добие помош од хумани граѓани, Центарот за социјални работи и невладини организации.