Пожар уништи 40 хектари шума во Никуштак

Сподели со своите пријатели

На 22.12.2016 година околу 16.15 часот на планината Скопска Црна Гора, над с.Никуштак настанал пожар при што биле опожарени 30- 40 хектари нискостеблеста шума, трева и папрат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Работници од ЈП „Македонски шуми“ подружница Куманово биле упатени на местото за гаснење на пожарот. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.