Пожар се шири во село Табановце, близу Бегалскиот камп (фото)

Сподели со своите пријатели

Нискостеблеста вегетација гори во атарот на селото Табановце, во непосредна близина на кампот за бегалци, јавува месното население.

Од запалено стрниште огнот се проширил на нива и отворен простор, каде гори нискостеблесто растение и сува трева.

Пожари има и на уште неколку локации низ кумановско, за што говори и чадот кој се гледа наоколу. Од Регионалниот центар за управување со кризи не успеавме да добиеме информации.

Моментално пишуваме извештај за Скопје, има неколку пожари, информациите ќе ги добиете изутрина во дневниот билтен – кратко ни рекоа од РЦУК.

На кои локации има пожари и дали некои од нив веќе се локализирани засега останува непознато.