Пожар проголта семеен дом во селото Псача

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15.30 часот во Полициското одделение Ранковце било пријавено дека во селото Псача настанал пожар во стара куќа сопственост на семејството Ангеловски.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од пожарот, приземјето и еден кат од куќата целосно изгореле.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Ранковце. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

фото: архива

Loading...