Голем пожар на 6ти декември, 40 минути пред полноќ проголтал кровна конструкција од семеен дом лоциран на улицата „др. Младен Стојановиќ“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарот избувнал во 23:20 часот, а на терен веднаш биле излезени две возила со пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои го ликвидирале пламенот во 01:05 часот.
Причините за настанување на пожарнот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

