Житарици вчера изгореле во пожар во атарот на селото Тромеѓа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарот избувнал некаде околу 15 часот, кога и четровица пожарникари од Територијатлната противпожарна единица Куманово излегле на терен и интервенирале до 16:10 часот. Во локализирање на огнените јазици учествувале и 15 мештани од село Тромеѓа.
Според проценките станува збот за опожарена површина од еден хектар, но засега причините за избувнување на огнот, како и точната материјална штета остануваат непознати.