Пожар пеплоса викендица во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Голем пожар пеплоса викендица лоцирана во селото Младо Нагоричане во текот на вчерашниот ден, информират од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово повикот го примиле 01:40 часот по полноќ по што веднаш со две возила се упатиле на терен, каде интервенрирало до раните утрински часови, кога конечно во 04:05 часот петмината пожарникари конечно се справиле со пламените јазици.

Причините за настанување на пожарот, како и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

 

Loading...