Пожар ноќва гореше на депонијата Краста (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар ноќва избувнал на депонијата Краста во селото Пчиња во кумановско, каде се депонира отпадот од градот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на локацијата Краста гори запалено ѓубре.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово велат дека во текот на ноќта било интервенирано околу депонијата за да не се дозволи ширење на огнот на околните ниви, но дека самата депонија не може да се гасне со вода, туку со затрупување.

– Една екипа со едно возило и тројца пожарникари интервенирала од 22:35 часот до 03:00 часот, додека втора екипа е појдена на терен со едно возило и тројца пожарникари околу 02:30 часот, информираат од РЦУК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

 

 

Директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски вели дека пожарот е ставен под контрола, а постојат сомневања дека истиот е намерно подметнат.

Loading...

Пожарот вели тој започна да се гасне околу 20 часот и во ниту еден момент не дозволивме да излезе од контрола или да стане опасност за населението.

– Во овој момент не постои опасност од ширење и нема опасност за населението. Повикана е екипа на МВР, која има направено записник и очекуваме расветлување на случајот и да се открие кој е сторителот. Во текот на целата ноќ голем број наши вработени интервенираа на терен со ископи и затрупувања, додека противпожарните екипи дадоа максимални напори да не дојде до ширење на огнот надвор од депонијата, изјави Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Во овој момент на депонијата нема активен пламен и се работи на целосно затрупување на она што горело во текот на ноќта.

Никола Ивановски