Пожар на окупираниот Крим, најмалку седум загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум лица загинаа во пожар на Крим откако пламените јазици ги зафатија привремените сместувања во кои се сместени градежни работници, соопштија во четвртокот проруските власти.

Loading...

Повикувајќи се на локалните власти, државната новинска агенција ТАСС јави дека пожарот, кој избувна во четвртокот во текот на ноќта во предградијата на градот Севастопол, е последица на краток спој во електричен уред.

Русија го анектираше Крим од Украина во 2014 година, а Киев соопшти дека има намера да го врати.

Михаил Развозаев, гувернер назначен од Русија, рече дека пожарот избувнал во двокатниот дом во кој се сместени работници за изградба на автопатот Таврида, нов пат што ги поврзува кримските градови Севастопол и Симферопол.

Во моментот на пожарот во малата двокатница имало 185 лица, јави агенцијата РИА, повикувајќи се на локалната служба за итни случаи.

Рускиот истражен комитет соопшти дека отворил истрага за причините за пожарот и дека истражителите работат на местото на настанот.

Пожарот беше изгаснат во утринските часови во четвртокот, рече Развозајев во објавата на својот канал Телеграм.

Двајца работници се хоспитализирани.

Loading...