Пожар на голема површина и непристапен терен во кратовско Коњух

Сподели со своите пријатели

Пожарот во атар на селото Коњух, Општина Кратово, кој започнал вчера околу 12:00 часот е сѐ уште активен на непристапен терен за возила.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во гасењето на пожарот учествуваат 7 пожарникари од ТППЕ Кратово, 8 вработени од ЈП Македонски Шуми, луѓе од месно население и службеници од ПСОН Кратово.

Пожарот е на поголема површина но нема опасност по куќите во селото.

 

14 куќи и училиште изгореа во Дренак, пожарот локализиран

Никола Ивановски / фото: архива

Leave a Reply