Пожар кај поранешниот хотел „КУ-БА“

Сподели со своите пријатели

Ниска вегетација и суви дрвја претпладнево гореле кај поранешниот хотел „КУ-БА“ во кумановско Проевце, информираат надлежните.

Loading...

– Апелираме до граѓаните да не се опожаруваат стрништа и суви треви особено во овој период за да не дојде до појава на пожари, велат од Општина Куманово.

Оттаму потенцираат дека на територија на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со пожарите, а на сила е и забраната за движење во шумите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, затекнат додека краде