Три лица се водат како исчезнати откако во понеделникот вечерта експлозија предизвика голем пожар во станбена населба на Шаменкамп во Ротердам.
Од Брзата помош потврдија дека едно лице е повредено.
Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот предизвикан од експлозијата во гаражата на зградата.
A series of three domestic gas explosions destroyed part of a residential building in Rotterdam.
Preliminarily, around a dozen people were injured. Several nearby buildings were damaged – the blast wave broke the windows of houses and overturned 15 cars.#Rotterdam #netherlands pic.twitter.com/PD0mFrwhCp— Trendy News Talk (@TrendyNewsTalk) January 30, 2024
Портпаролот на локалната служба за безбедност изјави дека во зградата може да има повеќе жртви.
Не успеале соодветно да го пребараат станбениот простор бидејќи пожарот се уште беснее.
Не е ни познато дали имало некој во гаражата или во становите во моментот на експлозијата.
Жителите на 44 апартмани ноќевале во локални хотели, пишува NL Times.
Зградите во Зуидвајк се многу блиску една до друга, а меѓу нив има и голем број продавници што им отежнува на пожарникарите.
Постои ризик од ширење на пожарот и на други делови од зградата.
Итните служби мора да ја исклучат цевката за гас на улицата, но досега тоа не им успеало.
На истата улица има и продавница за огномет
Во истата улица има и магацин за огномет, но за среќа не бил зафатен од пожарот.
Благодарение на интервенцијата на полицијата, пожарникарите и брзата помош, вработените го однесоа огнометот на безбедно.
Се уште не е познато што ја предизвикало експлозијата.
По гаснењето на пожарот полицијата ќе изврши увид.