Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со умерена облачност, информирааат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб, вдолж Повардарието и во источните делови умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Куманово и околината денескак не очекува облачно време. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува шест степени целзиусови. Во текот на ноќта ќе дојде до намалување на облачноста што пак повторно ќе ги врати минусните температури. Па така ноќва ќе имаме температура од -2 степени.
Утре ќе преовладува претежно облачно време со слаб источен ветер. Во вечерните часови и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневните температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со уште пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.